Zauważyliśmy, że obecnie odwiedzasz witrynę w Wielkiej Brytanii. Czy zamiast tego chcesz odwiedzić naszą główną stronę?

DRAM

Гаранција

Kingston Technology Company, Inc. („Kingston“) гарантира дека нејзините DRAM компоненти немаат недостаток во поглед на материјалот и квалитетот на изработката, доколку нормално се користи и сервисира, за да важи гаранцијата под долуопишаните услови. Во понатамошниот текст, DRAM компонентите колективно се означени како „Производ“ или „Производи“. Оваа гаранција го покрива секој Производ на Kingston за една (1) година од датумот на испраќањето („Гарантен период“). Секој производ којшто не функционира како што е гарантирано, Kingston на своја дискреција ќе го поправи или ќе го замени со сличен или еквивалентен производ, или на сметката на Клиентот ќе му даде кредит кој е еднаков на цената што е платена за кој и да е таков Производ којшто ќе се расипе во текот на важечкиот Гарантен период. Kingston ќе има разумно време за поправка или замена на кој и да е дефектен Производ којшто бил вратен под Гаранцијата или ќе му даде кредит на сметката на Клиентот.

Со прифаќањето на деловните услови за склучување трговски договор за купување на Производот со којшто е приложена оваа Гаранција, OEM клиентот („Клиентот“) има право на Гаранцијата како што е наведено тука. За да ги има користите од оваа Гаранција, (i) Клиентот мора да ги следи упатствата за враќање од Kingston; (ii) Клиентот мора брзо написмено да го извести Kingston во текот на важечкиот Гарантен период дека тој Производ е дефектен и мора да поднесе објаснување за недостатокот; (iii) таквиот Производ мора да се врати во наведениот сервисен објект на Kingston на ризик и на сметка на Клиентот; и (iv) Kingston мора да биде уверен дека наведениот дефект навистина постои и дека не бил предизвикан од незгода, погрешна употреба, немарност, менување, поправка, неправилно инсталирање или неправилно тестирање. Доколку Kingston утврди дека вратениот Производ не е дефектен или дека неговиот недостаток бил предизвикан од незгода, погрешна употреба, немарност, менување, неправилна поправка, неправилно инсталирање или неправилно тестирање, Клиентот ќе мора да ги сноси сите трошоци за тестирањето, анализата на дефектот, транспортот и сите други поврзани трошоци.

Оваа Гаранција не важи за ниту еден Производ кој бил неправилно користен (вклучувајќи и статичко празнење, неправилно инсталирање, поправка, незгода или некористење во согласност со упатствата од Kingston), немарност или менувања, или ако Kingston не е во можност да го тестира под своите нормални услови на тестирање.

Сите Производи кои се враќаат, стануваат сопственост на Kingston. По дискреција на Kingston, производот во замена може да биде или нов или репариран. За секој заменет или репариран Производ следува ограничена гаранција од 90 дена или, пак, само преостанатиот дел од првобитната Гаранција за тој конкретен Производ во дадениот момент, зависно од тоа кое од двете е подолго. Kingston не е одговорен за било каков софтвер или фирмвер на клиентот, информации за конфигурација или мемориски податоци кои се содржани, зачувани или интегрирани во кој и да е Производ(и) што е вратен во Kingston под било која гаранција.

Клиентот мора да го контактира Kingston за да добие бројче за Овластување за враќање на приозводот (ОВП) пред да врати било каков Приозвод во Kingston. Секој Производ што е вратен во Kingston без валидно бројче за Овластување за враќање на производот, кое јасно ќе стои означено на страната од пакувањето, ќе биде вратен кај Клиентот на негов трошок. Kingston ќе ги преземе трошоците за враќање на дефектен Производ само доколку Клиентот се придржува кон упатствата за транспорт дадени од одделот на Kingston за ОВП. Kingston е одговорен за транспортните трошоци за враќањето од Kingston до Клиентот.

НЕЗАВИСНО ОД ПРЕТХОДНАТА ГАРАНЦИЈА ИЛИ КОИ И ДА БИЛО УСЛОВИ ШТО СЕ ИЗНЕСЕНИ ОВДЕ, KINGSTON ГИ ДАВА СИТЕ ПРОТОТИПОВИ, РЕФЕРЕНТНИ ДИЗАЈНИ И СОФТВЕР ЗА ПРОИЗВОДИТЕ „ТАКВИ КАКВИ ШТО СЕ“, БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ И ДА БИЛО ВИД.

EКСКЛУЗИВНИ ГАРАНЦИИ: АКО НЕКОЈ ПРОИЗВОД НА KINGSTON НЕ ФУНКЦИОНИРА КАКО ШТО Е ГАРАНТИРАНО ПОГОРЕ, ЕДИНСТВЕН ПРАВЕН ЛЕК ЌЕ БИДЕ НА КЛИЕНТОТ ДА МУ СЕ ПОПРАВИ ИЛИ ДА МУ СЕ ЗАМЕНИ ПРОИЗВОДОТ ИЛИ, ПАК, ДА ДОБИЕ КРЕДИТ ЗА ПРЕДМЕТНИОТ ПРОИЗВОД, СПОРЕД ПРОЦЕНКА НА KINGSTON. ПРЕТХОДНАТА ГАРАНЦИЈА И ПРАВНИ ЛЕКОВИ СЕ ЕКСКЛУЗИВНИ И ГИ ЗАМЕНУВААТ СИТЕ ДРУГИ ГАРАНЦИИ ИЛИ УСЛОВИ, ИЗРИЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, БИЛО ФАКТИЧКИ ИЛИ ПО СИЛА НА ЗАКОНОТ, УСТАВНИ ИЛИ ПОИНАКВИ, ВКЛУЧИТЕЛНО ГАРАНЦИИ ИЛИ УСЛОВИ ЗА ПЛАСМАН И ПРИКЛАДНОСТ ЗА НЕКОЈА ОСОБЕНА ЦЕЛ. KINGSTON НИТУ ПРЕЗЕМА, НИТУ ОВЛАСТУВА ДРУГО ЛИЦЕ ДА ПРЕЗЕМА НАМЕСТО НЕГО БИЛО КАКВА ДРУГА ОДГОВОРНОСТ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА, ИНСТАЛИРАЊЕТО, ОДРЖУВАЊЕТО ИЛИ УПОТРЕБАТА НА НЕГОВИТЕ ПРОИЗВОДИ. ПОД ОВАА ГАРАНЦИЈА, KINGSTON НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ДОКОЛКУ НЕГОВОТО ТЕСТИРАЊЕ И ИСПИТУВАЊЕ ОТКРИЈАТ ДЕКА НАВОДНИОТ ДЕФЕКТ КАЈ ПРОИЗВОДОТ НЕ ПОСТОИ ИЛИ ДЕКА БИЛ ПРЕДИЗВИКАН ОД НЕПРАВИЛНА УПОТРЕБА, НЕМАРНОСТ, НЕПРАВИЛНО ИНСТАЛИРАЊЕ ИЛИ ТЕСТИРАЊЕ, НЕОВЛАСТЕН ОБИД ЗА ПОПРАВКА ОД СТРАНА НА КЛИЕНТОТ ИЛИ НЕКОЈА ТРЕТА СТРАНА, ИЛИ ОД КОЈА И ДА Е ДРУГА ПРИЧИНА НАДВОР ОД ПАЛЕТАТА НА НЕГОВИТЕ НАМЕНИ, ИЛИ ОД НЕСРЕЌА, ПОЖАР, ГРОМ ИЛИ ДРУГА ОПАСНОСТ.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА: KINGSTON ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, СЕЕДНО ДАЛИ ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР ИЛИ СО ПРАВО ЗА НАДОМЕСТ ЗА ШТЕТА (ВКЛУЧИТЕЛНО НЕБРЕЖНОСТ), НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА ИНЦИДЕНТНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ, СПЕЦИЈАЛНИ ИЛИ КАЗНЕНИ ШТЕТИ ОД КАКОВ И ДА БИЛО ВИД, ИЛИ ПОРАДИ ИЗГУБЕНА ДОБИВКА, ЗАГУБА НА БИЗНИС ИЛИ ДРУГА ФИНАНСИСКА ЗАГУБА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ИЛИ Е ВО ПОВРЗАНОСТ СО ПРОДАЖБАТА, ИНСТАЛИРАЊЕТО, ОДРЖУВАЊЕТО, КОРИСТЕЊЕТО, ПЕРФОРМАНСИТЕ, МААНИТЕ ИЛИ ПРЕКИНОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ, ДУРИ И АКО KINGSTON БИЛ СОВЕТУВАН ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ. ВКУПНАТА КУМУЛАТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА KINGSTON СПРЕМА КЛИЕНТИТЕ НЕМА НИКОГАШ ДА ЈА НАДМИНЕ ЦЕНАТА ШТО КЛИЕНТОТ ЈА ПЛАТИЛ ЗА ПРОИЗВОДОТ ПОД ГАРАНТНОТО ПРАВО, ПЛУС НЕОПХОДНИТЕ ТРОШОЦИ ШТО МУ НАСТАНАЛЕ НА KINGSTON.

KINGSTON ГИ ОТФРЛА СИТЕ ИЗРИЧНИ И ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ ВО НАЈПОТПОЛН ОБЕМ КОЛКУ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО СО ЗАКОН. АКО KINGSTON НЕ МОЖЕ ДА ГИ ОТФРЛИ ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ ПОД ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, ТОГАШ, ВО НАЈПОТПОЛНА МОЖНА МЕРА, ТАКВИТЕ ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ СЕ ОГРАНИЧЕНИ НА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ИЗРИЧНАТА ГАРАНЦИЈА. ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ГАРАНЦИЈАТА ЗА КОЈ И ДА Е ЗАМЕНЕТ ПРОИЗВОД ЌЕ БИДЕ ИЛИ ГАРАНЦИЈА ОГРАНИЧЕНА НА 90 ДЕНА ИЛИ ОНОЈ ДЕЛ ОД ГАРАНТНИОТ ПЕРИОД ШТО МУ ПРЕОСТАНУВА НА ОРИГИНАЛНИОТ ПРОИЗВОД, ЗАВИСНО ОД ТОА КОЕ ОД ДВЕТЕ Е ПОДОЛГО.